23:50 - 8 мај, 2026

(Фото) Ова е сопругот на Ведрана Рудан: Многу е помлад од неа, успешен во бизнисот, сега ѝ е поддршка во борбата со болеста

ведрана рудан

Хрватската писателка Ведрана Рудан често отворено зборува за својот приватен живот, а она што малкумина го знаат се деталите од нејзиниот емотивен живот.

Имено, Ведрана била двапати мажена, а во првиот брак претрпела малтретирање за што во една прилика и зборувала.

Како што истакнала, биле во брак 14 години и добиле две деца, ќерката Асја и синот Славен, биле многу заљубени, но сè пукнало.

– Првиот маж кој ги исполнуваше естетските критериуми, рамениците толкави, колковите толкави, косата таква, насмевка волшебна, такви очи, па, ти си тој. Другите сигнали не сакав да ги видам. Мојот прв маж беше мојот татко, само во поинаква форма и многу полош, многу поперфиден, поитар. Еден ден шлаканица, другиот букет цвеќе, сигурен психопат. Бев збунета како и сите злоставувани жени, бидејќи денес те тепа, а утре ти носи букет цвеќе и ти вели: „Немој да ме провоцираш, па сè ќе биде во ред“ – раскажала своевремено Ведрана.

Уште додека била во брак запознала помлад адвокат и со него се впуштила во романса, по што се развела. Без влакна на јазикот раскажала дека никогаш не била среќна во првиот брак, а со вториот партнер научила многу.

Нејзиниот втор сопруг е осум години помладиот адвокат Љубиша Драгељевиќ, со кој сè уште е во хармоничен брак и живеат во Риека.

– Љубиша ме научи на толеранција. Ме промени на подобро. А моите деца се многу пообразовани од мене. Славен има прочитано илјадници книги, а Асја зборува четири јазици, но јас сум лош ученик. Немам повеќе време да учам. Меѓутоа, децата со своето раѓање ми покажаа дека постои безусловна љубов. Што и да прават, јас би застанала покрај нив. Не, се разбира, зад постапката, но сигурно зад нив – рекла своевремено Рудан.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by showbuzz.hr (@showbuzzhr)

Слични објави

„Евровизија е за една недела, а јас сум без глас“: Членка на хрватската група „Лелек“ се бори со инфекција

Т.Ц.

Гордоста на Лидија Вукиќевиќ – Синовите Андреј и Давид се нејзиниот најголем успех

E.A.

Не ја пропуштајте: Новата колекција на „Капитол го дефинира машкиот стил оваа пролет

Еспресо

Ела Дворник со нов имиџ – инфлуенсерката ја скрати косата и стана „Парижанка“

E.A.

ФОТО | Радост во семејството Гаџа — Адријан стана татко

apostolova

(Фото) Милица Тодоровиќ се пресели во нов стан: Мајка ѝ веднаш објави фотографии

Еспресо
Се вчитува....