23:53 - 27 ноември, 2026

(Фото) Лазар Ристовски разголен медитира покрај базен: Актерот целосно се опушти на одморот во Грција

Актерот Лазар Ристовски моментално се наоѓа во Грција, од каде што се огласи и покажа како максимално уживал.

Бидејќи актерот сака да ужива и да се одмори, сега се фотографираше како медитира покрај базенот во костим за капење, и сето тоа го објави на Инстаграм.

– Грција – лето Господово 2025 – напиша тој, а неговата девојка, актерката Аница Лазиќ, веднаш остави емотикон во форма на срце во коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lazar Ristovski (@lazar.ristovski)

Патем, врската помеѓу актерот и неговата избраничка, Аница Лазиќ, постојано привлекува внимание од јавноста поради големата разлика во годините, бидејќи таа е 39 години помлада од него. Двојката не се осврнува на критиките и негативните коментари, туку ужива во својата љубов и често се гледаат заедно на градските настани.

Аница често истакнува на мрежите дека многу работи ја фасцинираат кај Лазар.

– Лазар (што значи: „Бог помага“). Се верува дека човек со ова име е испратен од Бога да помогне на Земјата. Знам дека е така – напишала таа неодамна на социјалните мрежи, и му се обрати директно на Ристовски: Ти си победник. Добротвор. Нашиот најголем уметник. Вечниот творец кој го сака животот и затоа животот те сака тебе. Покровител. Оптимист. Патриот. Смел и храбар. Голем пријател. Човек со широка свест и добро срце.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....