22:59 - 7 ноември, 2026

(Фото) „Куќата е конечно готова“: Николина Пишек ја покажа луксузната вила од 2 милиони евра по долгото реновирање, наоколу само гламур и сјај

Хрватската водителка Николина Пишек има вила вредна два милиони евра во Загреб, а во изминатиот период сериозно се посвети на нејзиното реновирање.

Сега таа се пофали дека работите се завршени и дека конечно може да ужива во луксузот на овој имот. Имено, Николина сними видео на Инстаграм во кое напиша како течел процесот.

– По месеци мерења, избор на бои, дискусии за осветлување и вечни дилеми „тепих, да или не“, куќата конечно е завршена. П.С. Да, сè уште стојам на фактот дека златните детали се задолжителни – напиша Николина.

Како што можете да видите, иако има златни детали, собите се декорирани со живи бои. Па, водителката купила жолт сет со перници во разни светли бои. Има дрвен мебел, огледало, жолта ламба и бели полици. Исто така, избрала бела боја за ѕидовите.

Инаку, станува збор за „паметна“ вила од 400 квадратни метри со земјиште од дури 1.600 квадратни метри. Николина не сакала ништо да препушти на случајот кога станува збор за оваа вила, па затоа ја дизајнираше целосно сама, според свој вкус и желби, за разлика од станот во Белград, кој никогаш не ѝ се допаднал и кој бил уреден во „машки“ стил, како што нагласила, токму онака како што сакал нејзиниот покоен сопруг Видоје.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....