Српската пејачка Милица Тодоровиќ пред неколку дена го прослави роденденот во еден ресторан во Белград. Таа ги собрала најблиските пријатели и членовите на семејството, а нејзината мајка сега сподели семејна фотографија на Инстаграм.
На роденденската прослава на Милица биле нејзиниот татко Милан, мајката Јасмина и сестрите Јована и Анѓела. Гордата Јасмина објавила нивна заедничка фотографија на Инстаграм, на која се нижат коментари.
View this post on Instagram
Јасмина само кратко напишала во описот на фотографијата: „Среќа“.
На прославата бил и синот на пејачката Богдан, но не останал долго на славењето. Следниот ден, Милица ги открила деталите за неговото претходно заминување:
– Беше Богдан, но мораше брзо да си замине бидејќи веќе беше нервозен – рекла пејачката.
Славеничката исто така споделила и што посака кога ја дувала роденденската свеќа:
– Си посакав сè најубаво себеси, среќа и мир. Само да сме среќни и задоволни – порачала Милица.
Инаку, атмосферата на прославата била на врвот, а славеничката цела вечер била одлично расположена за песна и танцување.
View this post on Instagram
Моментот кога пристигнала роденденската торта предизвикал посебно внимание и забава кај присутните. Наместо бројот 36, на тортата имаше само свеќа со бројот шест, па Милица Тодоровиќ ја дувнала свеќата со насмевка и смеење.
За одличната атмосфера и музичкиот дел од вечерта биле задолжени нејзините драги гости и колеги. На микрофонот запеале кумот на Милица, Стеван Анѓелковиќ, Катарина Живковиќ, Урош Живковиќ и други изведувачи.
