10:21 - 7 ноември, 2026

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Лана Радељак, ќерка на легендарната актерка Ена Беговиќ и претприемачот Јосип Радељак, му го кажа судбоносното „да“ на својот избраник Антони Баришиќ.

Иако најчесто го држи приватниот живот подалеку од очите на јавноста, Лана одлучи да сподели неколку магични моменти од прославата и да им даде на следбениците увид во атмосферата на нејзиниот посебен ден.

За најважниот ден во нејзиниот живот, невестата избра бела венчаница со смирени линии што совршено ја следеа нејзината фигура. Посебен шмек на ова софистицирано издание даде долгата наметка што се спушташе до земја, претставувајќи впечатлива замена за класичните ракави. Фризурата со меки бранови дополнително го нагласи нејзиниот ненаметлив и модерен гламур.

Младоженецот Антонио Баришиќ се одлучи за докажана класика – црн костум во комбинација со бела кошула. Младенците го одиграа својот прв танц на емотивниот текст од песната „Последна и прва љубов“.

Ќерката на Мија Беговиќ, Маја Лена, објави слика од нејзината братучетка и зетот од црква на својот инстаграм-профил.

Слични објави

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....