15.8 C
Скопје
19:40 - 19 октомври, 2026

(ФОТО) Хилари Даф го покажа своето неверојатно тело, но порача и дека не е сè така како што изгледа

Новата насловна страница на магазинот Women’s Health ја краси американската актерка Хилари Даф, која неодамна глумеше во популарната серија „Како ја запознав мајка ти“. Згодната 34-годишна Хилари за таа пригода целосно се соблече.

Иако досега не бевме навикнати да ја гледаме во разголени изданија, а особено во последните години бидејќи најчесто е во друштво на своите малечки, Хилари Даф пријатно ја изненади јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Women’s Health (@womenshealthmag)

„Горда сум на моето тело. Горда сум што родив три деца. Дојдов до фаза во која сум целосно мирна со промените што се случија со моето тело по се низ што поминав“, гордо рече таа во интервјуто, додавајќи:

„Исто така, сакам читателите да знаат дека визажистот ми стави сјајна пудра на телото, а кореографот ме стави во оваа поза каде што изгледам фантастично“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Women’s Health (@womenshealthmag)

Даф рече дека потрошила цели четири недели подготвувајќи го своето тело за ова важно снимање. Таа напорно тренирала за да се врати во форма.

Сепак, шармантната Хилари истакнува дека нејзиниот изглед не е приоритет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Women’s Health (@womenshealthmag)

„Сите се премногу загрижени за изгледот. Се трудиме да бидеме фит, се убиваме од вежбање, го средуваме лицето со ботокс, ја бојадисуваме косата, ги креваме веѓите и трепките и правиме многу други глупости, а всушност најважното нешто со кое треба да се занимаваме е нашата внатрешност. Тоа е најважниот дел од целиот систем“, заклучи таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hilary Duff (@hilaryduff)

Слични објави

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо
Се вчитува....