06:57 - 29 ноември, 2026

(Фото) Гените се чудо: Ова е мајката на Слобода Миќаловиќ, сите велат дека убавината ја наследила од неа, а некои велат дека воопшто не личат

Српската актерка Слобода Миќаловиќ еднаш објави фотографија со својата мајка Милица и го привлече вниманието на јавноста.

Слобода и Драгана Миќаловиќ важат за едни од најубавите и најталентираните дами на српската сцена, но убавината и харизмата очигледно се семејно наследство. Подеднакво внимание привлекуваат и нивната мајка Милица, како и третата сестра Мирјана, иако не се дел од актерскиот свет.

Актерките отсекогаш нагласувале колку им е важна поддршката од нивната мајка Милица. А коментарите на социјалните мрежи не изостанале. Многумина коментираа дека убавите сестри го наследиле изгледот од својата мајка, а некои истакнаа дека секоја од нив е убава на свој начин и дека не личат.

„Гените се чудо… а мајка ти се издвојуваше од останатите со својот став, едноставност и убавина“, „Секоја чест за мајката која родила три убавици и ги воспитала“, се само дел од коментарите.

Милица и нејзиниот сопруг Драган Миќаловиќ, познат театарски, телевизиски и филмски актер, добија три ќерки – Слобода, Драгана и Мирјана – и живееја заедно во Лесковац.

Драган зад себе остави богата уметничка кариера и многу наградени улоги, а ненадејно почина во 2017 година, на 68-годишна возраст.

Додека Слобода и Драгана градеа успешни актерски кариери, нивната сестра Мирјана избра поинаков пат. Дипломирала на музичката академија.

– Тргна по „нормален“ пат, има две девојчиња. Во нашата куќа има три ќерки, четири внуки и нема момчиња – открила во една прилика Драгана.

Иако не е дел од јавната сцена, животот на Мирјана е исполнет со семејна среќа, исто како и на Слобода.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....