13:25 - 9 ноември, 2026

(ФОТО) Едвај ја чека Цеца во публика! Анастасија ја вжешти бината во Штутгард

Пејачката синоќа настапи во Штутгарт и тоа беше нејзин втор настап во кариерата.

Анастасија Ражнатовиќ синоќа настапи во полн клуб во Штутгарт, а овој пат се поминало во најдобар ред. Првиот настап ќерката на Цеца го имаше во Париз. 
Третиот настап пак, на Анастасија ќе се случи во клуб во Берлин на 9 април.
– Беше многу добро синоќа!!! Благодарам на сите што беа таму и за феноменалната енергија што ми ја пренесоа и која ме држи и понатаму! Спиев 2 часа и очите ми се како во…Клуб Метропола секогаш ќе ми остане во прекрасното сеќавање и сакам да им се заблагодарам на домаќините за прекрасното гостопримство! Многу се радувам повторно да се дружиме! Се гледаме следниот пат во Берн на 9 април-напиша Анастасија на својот Инстаграм профил.
Постираните фотографии на профилот исто така откриваат како се дотерала за вечерта во Клуб Метропола.

За оваа прилика таа одбрала сребрена модна комбинација составена од ултракраток горен дел декориран со реси, и тесни панталони кои го отркиваат стомачето на младата пејачка.

На бината пак, како дел од жешката кореографија, друштво ѝ прават двајца згодни танчери.

Со оглед на тоа што Цеца не можела да присуствува на настапот на ќерка си во Штудгард, бидејќи самата имала настап во Словенија, Анастасија признала дека едвај ја чека Цеца во публика, веројатно, веќе на следниот концерт, во Берн.

Слични објави

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.
Се вчитува....