02:22 - 8 ноември, 2026

(Фото) Драстична промена на Милица Павловиќ: Новата фризура на пејачката е вистински есенски хит!

Популарната српска пејачка Милица Павловиќ со години важеше за една од најатрактивните бринети на српската јавна сцена, а на почетокот на минатата година ги изненади обожавателите со тоа што стана русокоса.

Изгледаше феноменално и како русокоса, а завчера ги изненади сите, покажувајќи дека се одлучила за уште една драстична промена. Имено, таа се појави во „Амиџи шоу” на Огњен Амиџиќ – со темна коса!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)


Милица потоа сподели фотографии од нејзиниот нов изглед на Инстаграм, сличен на оној што го преферирала со години и се пошегува на сметка на познатото тврдење – дека русокосите подобро се забавуваат.

„Невозможно е русокосите повеќе да се забавуваат. Сигурно знам. Дозволете ми да го слушнам вашиот коментар“, напишала Милица.

Нејзините следбеници се одушевени од овој ново-стар изглед на пејачката, па ја опсипаа со комплименти

„Оваа боја изгледа многу подобро,не изгледавте вака кога бевте русокоса“, „Поубава си со оваа боја на коса“, „Конечно! Тоа е Милица“, се дел од коментарите покрај фотографиите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)


„Се вратив на корените! Иако вечерва е „Ноќта на вештерките“, ова не е костим! Сега ќе останам ваква, ми се појави желба да сменам“, изјави Милица во емисијата.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....