19:18 - 7 ноември, 2026

Тања Савиќ се огласи по веста дека мора да оди на итна операција: „И јас сум човек“

Тања Савиќ мораше да ги откаже настапите поради веста дека мора да се оперира.

Пејачката Тања Савиќ се соочила со здравствени проблеми кои ја спречиле да настапи, па откажала концерт и јавно преку социјалните мрежи им се обрати на своите фанови.

После тоа се појави веста дека пејачката го изгубила гласот, па дури и морала да оди на операција поради здравствени проблеми.

Како што пишуваше, здравствената состојба на Тања била нарушена, поради што лекарите предложиле операција.

По овие натписи се огласи Тања Савиќ која откри за што се работи. Таа истакна дека ова не е првпат да има проблем со гласните жици и оптимистички рече дека „и таа е жив човек кој има право понекогаш да се разболува“.

„Откажив само еден настап. Настинка е со алергија и затоа гласните жици ми се воспалуваат кога е пролет или есен. Веќе работам на мојот следен настап, здравје боже“, изјавила Тања Савиќ, пренесува „Блиц“ и додала дека ќе прима терапија додека не го реши здравствениот проблем.

 

Слични објави

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо
Се вчитува....