02:48 - 8 ноември, 2026

(Фото) Јосипа Лисац со интересна средба пред скопскиот концерт

јосипа лисац

Хрватската дива Јосипа Лисац вечерва ги пее своите најубави песни пред македонската публика во Филхармонија.

Овој концерт е дел од нејзината регионална турнеја, по повод педесетгодишнината од нејзиниот студиски албум „Дневник једне љубави“ (1973).

На пат кон Македонија, таа имала интересна средба со членови на Ветеранскиот ватерполо клуб „Магла“ од Сплит, кои исто така патувале кон Скопје.

„Оваа средба е прекрасен пример како уметноста може да се поврзе со различни аспекти од животот. Нека музиката и спортот секогаш останат инспирација за единство“, пишува на официјалниот профил на Јосипа Лисац.

Фото: Инстаграм/Јосипа Лисац

Патем, ватерполистите ќе учествуваат на третиот меѓународен мастерс турнир во ватерполо, кој се одржува денес и утре во базенот на спортската сала „Борис Трајковски“.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....