22:32 - 6 ноември, 2026

(Фото) Метју Лебланк од „Пријатели“ за првпат во јавност по смртта на Метју Пери: Актерот е скршен од тага

Познатиот Мет Лебланк, кој го глумеше Џои Трибиани во ситкомот „Пријатели“, за прв пат се појави во јавноста по смртта на Метју Пери, со кој со години глумеше во популарната серија. Чендлер Бинг и Џои беа цимери и фантастичен тандем на малите екрани. Пријателството меѓу нив постоеше и позади камерите.

Мет Лебланк се појави во јавноста два дена откако тој и другите актери на „Пријатели“ дадоа официјална изјава за смртта на Метју Пери, кого го сметааа за член на нивното семејство. Актерот изгледаше крајно тажно на фотографиите од Лос Анџелес.

Зборувајќи за „People“ во 2016 година за неговото пријателство со Метју Пери, Лебланк рече дека можеле да поминат пет години без да се видат, но кога ќе се сретнат лесно ги започнувале своите добро познати разговори. Ништо не можело да го разниша нивното пријателство.

Метју Пери еднаш изјавил дека Џои (Лебланк) е неговиот „помал брат“, а Рос Гелер (Дејвид Швимер) е неговиот „поголем брат“.

Метју Пери почина на 28 октомври во Лос Анџелес, неговиот асистент го нашол во џакузи, се обидел да му помогне, но веќе било предоцна. Токсиколошките анализи ќе го разрешат прашањето која била причината за смртта на славниот актер.

Метју Пери имаше 54 години, а голем број обожаватели со денови се збогуваат со саканиот актер.

 

 

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....