13:37 - 9 ноември, 2026

(Фото) Деколте до папокот и тетоважата на градите: Џехверовиќ во секси комбинација

Пејачката Теодора Џехверовиќ повторно го привлече вниманието на јавноста со објава на својот Инстаграм профил.

Овој пат, таа сподели провокативно селфи пред огледалото кое предизвика вистинска лавина од реакции, особено кај машката публика.

На фотографијата, Теодора носи маица со длабоко деколте кое допира речиси до папокот, а во центарот на вниманието беше тетоважата на градите што ја направи пред неколку години. Нејзините бројни следбеници не останаа рамнодушни – коментари и комплименти доаѓаа од сите страни, фалејќи го нејзиниот изглед и смелост.

Да потсетиме дека Теодора неодамна зборуваше за тоа како често е анксиозна.

– Често сум анксиозна, поминувам низ такви моменти, да. Секој поминува низ тоа, некои знаат дека е анксиозност, некои не – истакна таа и додаде:

– Порано беше тешко, сега се мачам со сето тоа, но добро сум – рече Теодора Џеверовиќ, а многумина беа изненадени од нејзината изјава, бидејќи таа секогаш делува самоуверено и сигурно, и на сцената и кога камерите се исклучени.

Слични објави

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.
Се вчитува....