15:52 - 8 ноември, 2026

(Фото) Да се растопиш од милина: Прва фотографија на Огњен Амиџиќ со новородената ќерка

Мина Наумовиќ Амиџиќ, сопруга на српскиот водител Огњен Амиџиќ, денеска излезе од породилиштето и ќерката Лола ја донесе во семејниот дом. Водителот не можел да ѝ одолее на наследничката, па веднаш се огласил на социјалните мрежи.

Огњен Амиџиќ денеска не можеше да оди да ги земе Мина и Лола во породилиштето, бидејќи има здравствени проблеми, но затоа веднаш по пристигнувањето на новородената ќерка на куќата, веднаш ја земал во прегратки.

Тој објави фотографија на која бебето Лола лежи на неговите гради, а тој од среќа ужива со затворени очи покрај својата миленичка.

– Ма здраво – напишал кратко и стави многу емотикони во форма на срца.

Водителот ставил и заштитна маска, за да биде што е можно посигурен дека нема да го пренесе вирусот на бебето.

 

– Мили мои, добив еден куп пораки во врска со вестите што излегоа и ви благодарам за грижата. Добро сум, сè е во ред, само не спијам ноќе поради нервоза и возбуда, а утрово пред да одам во болница добив дијареја, па затоа кумот отиде да ги земе сопругата и ќерката – напиша Огњен Амиџиќ.

Тој додал дека е на инфузија и дека се подготвува да прослави.

– Никогаш не сум бил посреќен и полуд во мојот живот, на инфузија сум, се подготвувам за вечерва, се гледаме на прославата! – нареди тој.

Огњен Амиџиќ вчера отишол да ги посети својата ќерка и сопруга во породилиштетот, а во таа прилика за српски „Блиц“ ги сумирал впечатоците и го дал своето прво интервју за наследничката.

Тој открил дека неговата сопруга Мина Наумовиќ и бебето се чувствуваат одлично, па признал дека малата Лола личи на својот брат Перун.

– И бебето и Мина се добро, сè е во ред. Кога ја зедов ќерка ми в раце, чувството беше совршено, првпат женско, така што беше совршено. Велат дека татковците се особено приврзани кон своите ќерки и јас се надевам дека така ќе биде, рекол Огњен и открил на кого личи неговата ќерка Лола.

– Лола е темна така, малку личи на Перун.

 

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....