11:17 - 31 октомври, 2026

(ФОТО) БРУТАЛНО ПРЕТЕПАНА УЧЕСНИЧКА ОД „SВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“: Пејачката Марина заврши во болница

Српска пејачка Марина Радосављевиќ која јавноста ја запозна како учесничка во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, во неделата била брутално претепана од двајца непознати мажи.


Марина требала да настапува во Врњачка Бања, но непосредно пред настанот во 19:30 часот пред локалот каде требала вечерта да ги забавува гостите била нападната од двајца маскирани мажи кои ја собориле на земја нанесувајќи и тешки повреди.

„Вечерва ми се случи една многу страшна работа околу 19:30, страшна пред се за секоја припадничка на понежниот пол, а потоа и за жена која се занимава со јавниот живот, музиката. Јас сум во неверување, но сум толку добра и ментално стабилна што обидот за заплашување, тепање и евентуално убиство можам да го сведам на кукавичлук и лошиот систем на функционирање на денешницата и се што е далеку од срцето и од Бога. Дали сме во Тексас или Врњачка Бања, Србија?! Се чувствувам исклучиво разочарана и незаштитена“, напиша пејачката на својот инстаграм – профил.

Пејачката преку својот инстаграм – профил објаснила дека била нападната во близина на локалот во моментот кога пристигнала на местото и излегувала од својот автомобил.

„Двајца крупни мажи, без збор, ме нападнаа маскирани. Еден од нив невешто испрска солзавец, другиот ме собори на земја и двајцата ме тепаа, без никаква причина. Значи, кој и да е и што и да сакал да постигне со ова, треба многу да се срами, по која било основа и со било какви мотиви“, истакнала Марина во нејзината објава на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/Instagram

Марина беспомошно лежела на земја, а напаѓачите откако ја претепале, ја оставиле безпомошна и избегале. Пејачката објави фотографии на социјалните мрежи на која ги покажува повредите. Радосављевиќ очекува надлежните органи да го решат случајот.

 

Слични објави

(Фото) „Сине мој, мојот најголем благослов…“: Немања Гудељ сподели емотивна објава за синот Илијан

Еспресо

Греено вино за студените есенски вечери — едноставен рецепт што ќе ви го стопли домот

К.С.

Слоба Радановиќ ги прозва колегите: „Не ги пеат моите песни бидејќи им се тешки, подобро да не се мачат“

Е.А.

Хороскоп за 31 октомври: Ракови, ќе се посветите на семејните проекти

Еспресо

Ѓоле Ѓогани искрено за бракот и имотот: „Се плашам повторно да не се разведам“

E.A.

Александра Радовиќ за тајната на својата линија и достоинственото стареење: „Не сакам да изгледам како мојата ќерка ниту да бидам пластична“

E.A.
Се вчитува....