18:37 - 7 ноември, 2026

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ никогаш поубава, Немања Гудељ со трансплатирана коса: Време за дотерување

Српскиот фудбалски репрезентативец Немања Гудељ и неговата избраничка Анастасија, ќерка на Цеца и пејачка во подем, одмараат на Ибица, Шпанија.

Паузата од фудбалските натпрвари Немања ја искористи за корекција на изгледот – направил трансплатација на коса.

Затоа е невообичаено да го видиме вака, без препознатливото опавче опашка, кое со години наназад беше еден од неговите „заштитни знаци“.

Анастасија покажа фотографија како изгледа фудбалерот по трансплантацијата на коса, додека заедно го поминуваат времето во популарното шпанско одморалиште, познато по бурните забави.

Сепак, кога погледот ќе го дефокусирате од фудбалерот и ќе го насочите кон Анастасија, лесно е забележливо дека можеби и таа направила некој скап козметички третман, зашто никогаш не изгледала поубаво.

И додека Анастасија се пофали со фотографијата, Немања се огласи на социјалните мрежи поради новиот договор.

„Среќен сум што ќе можам да поминам уште време дома со вас, Севиља семејство мое. Идеме заедно по уште победи“, напиша Гудељ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nemanja Gudelj (@nemanjagudelj)

Многу од фановите се прашуваат зашто и после интервенцијата Немања носи капа? Изгледа, само од навика.

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....