20.8 C
Скопје
13:08 - 20 октомври, 2026

(Фото) Анастасија и Немања Гудељ се прсреќни! Имаат голем повод за славење

Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ одбележуваат две години откако стапнаа на „лудиот камен“.

Во оваа пригода, Анастасија сподели дел од романтичната атмосфера од домот на славниот пар преку социјалните мрежи.

На својата Инстаграм приказна, Анастасија објави видео од подарокот што го добила од својот сопруг — балон во облик на срце со порака „Те сакам“, луксузен букет црвени рози и мече со натпис „Љубов“. Овој нежен гест не остана незабележан кај нејзините следбеници, кои го изразија своето воодушевување во коментарите и им честитаа на двојката за годишнината.

– Во брак две години. До бесконечност – изјави Анастасија со емотивно видео.

По свадбата, Анастасија се преселила со Немања во Шпанија, каде што брзо го научила јазикот и се прилагодила на новата средина.

– Во Севиља бев принудена да зборувам шпански, бидејќи никој не зборува англиски. Не ми беше тешко да научам, имав претходно знаење од теленовели. Најмногу ми недостига мајка ми, ние двете сме многу блиски. Како најдобри пријателки сме, и сè што ми се случува прво ѝ го кажувам нејзе – изјави неодамна Анастасија.

Слични објави

„Жената што ме донесе на свет сè уште се прашува каде згрешила“: Синот на Лила со емотивна порака за мајка си

Еспресо

Крај на едно пријателство — Деси Слава ги прекина сите врски со Азис откако тој ја откажа соработката за нејзиниот концерт

E.A.

(Фото) „Мил мој, те сакам“: Ана Ивановиќ објави емотивна порака, нема поголема љубов од оваа

Еспресо

Како треба да вежбате на 20, 30, 40 и по 60 години? Фитнес-експерт открива што му е потребно на телото во секоја возраст

К.С.

(Фото) Синот на Лозано наполни две години — малиот Марко славеше со торта со мотори и Спајдермен

К.С.

Хороскоп за 20 октомври: Бикови, ве очекуваат куп обврски и одговорности

Еспресо
Се вчитува....