14:52 - 29 ноември, 2026

Сопругот на познатата хрватска актерка осуден на затвор: На пресудата се чекаше повеќе од 16 години

Боран Углешиќ, познат лекар од Сплит и сопруг на актерката Ана Груица Углешиќ, е осуден на година ипол затвор, од кои ќе помине шест месеци зад решетки, додека остатокот од казната ќе биде условен, под услов да не стори ново кривично дело во следните пет години, пишува „Директно.хр“.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, ова е неправосилна пресуда во случајот „Дијагноза“, со кој заврши судењето во сплитскиот Жупански суд во понеделник.

Углешиќ е осуден за учество во повеќегодишна мрежа на проневера на воени пензии преку фалсификувани медицински документи.

Судењето се водеше против вкупно седум лица, а случајот трае од 2008 година. Обвинението е поднесено пред повеќе од 16 години, а според него, главни актери биле поранешниот медицински техничар С. Ј., возачот на ХЗМО Д. Ш. и неколку медицински работници, меѓу кои бил и Углешиќ.

Судијата Динко Мешин навел дека во меѓувреме застарени се повеќе кривични дела, поради што казните се поблаги отколку што би биле да можеа сите случаи да бидат процесирани, објави „Слободна Далмација“.

 

 

Слични објави

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.
Се вчитува....