15:23 - 9 ноември, 2026

(Фото+видео) Александра Пријовиќ ги прошета „пантерите“ од 50.000 евра! Пејачката на славата кај Брена и Боба носи луксузен накит од „Картие“

Српската фолк пејачка Александра Пријовиќ се појавила синоќа на славата Свети Архангел и Михаил во домот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ и по тој повод се прошетала со накит вреден дури 48.700 евра.

Прија до вилата на Бежанијска коса пристигнала со „бесен“ автомобил, но освен скапиот автомобил, сите го коментирале и нејзиниот скап накит.

Во прашање се прстен од жолто злато и оникс, како и ланче со потпис на еден од најпрестижните брендови за накит луксузниот „Картие“.

Според податоците коишто можат да се најдат, Александра за прстенот платила 25.300 евра, додека ланче од истиот материјал со приврзок во форма на глава на пантер ја чинел 23.400 евра.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Кога сè ќе се пресмета, доаѓаме до заклучок дека музичката ѕвезда на синоќешната прослава носела вкупно 48.700 евра, и тоа само во накит.

 

 

Слични објави

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.
Се вчитува....