18.8 C
Скопје
11:43 - 19 октомври, 2026

Фановите на Констракта со петиција: Доделете ѝ национална пензија!

Фановите на Ана Ѓуриќ Констракта распишаа петиција на српската претставничка на Евровизија да ѝ се додели национална пензија.

Во образложението навеле дека уметницата на најдобар можен начин ја претставила Србија во светот и заслужува да биде наградена.

„Ана со својата уметност, став, интелигенција, секој гест и изговорена реченица на светот му ја покажа најубавата страна на нашиот народ. Таа гордо го истакна знамето на секое место и чекор, пред милиони гледачи на најголемиот телевизиски спектакл во светот. Таа гордо ја пееше својата песна на мајчин јазик. Да не беше влијанието на политиката, голема е веројатноста дека ќе победеше“, стои во изјавата на покренатите петиција, која досега ја потпишале 189 лица од Србија.

Констракта ентузијастички ја сподели оваа акција на Инстаграм и во свој стил напиша: „Констракта нека се пензионира“. Таа потоа им се обрати на следбениците на социјалните мрежи и призна дека не е сигурна дека ги исполнува потребните услови:

„Ова е убаво со пензионирањето, но морам да ви кажам дека сум слаба со стажот. Не знам дали ќе го закрпам и да се вработам утре. Така да, ќе биде тоа познатата приказна за Штурецот и мравката“.

Откако се врати дома, во Србија, како што вели сама – „таа и кофата“, со уште неколку изјави ја освои публиката. Меѓу изјавите имаше и такви каде вели дека преферира да се вози со автобус, дека не е ѕвезда и дека не го сака животот на ѕвезда.

Слични објави

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо

(Фото) „Единственото нешто поубаво од една ќерка се две ќерки“: Горан Папаз сподели фотографија од Лена и Луна

К.С.

Три работи што треба да ги правите секое утро ако имате висок холестерол — кардиолозите откриваат што помага

К.С.

Хороскоп за 19 октомври: Лавовите ќе се потпрат на својата интуиција

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova
Се вчитува....