09:17 - 8 ноември, 2026

Емотивна исповед на ќерката на Брус Вилис: „Ме препознава, секогаш слуша музика…“

Пензионираниот актер Брус Вилис, кому пред месеци му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција, оттогаш живее далеку од рефлекторите и цело време е посветен на своето семејство кое се грижи за него и е постојано покрај него.

Еден од членовите на неговото семејство е Талула, неговата 29-годишна ќерка, а таа даде интервју во кое откри детали од секојдневниот живот на ѕвездата на „Умри машки“ откако му беше дијагностицирана деменција.

„Деновиве, татко ми со сигурност може да се најде на првиот кат од куќата, некаде во големиот отворен простор на кујната-трпезаријата-дневната соба или во неговата соба-канцеларија“, изјави таа за Вог.

„За среќа, деменцијата не влијаеше на неговата подвижност“.

Талула објаснува дека во една од оние соби во кои сака да пестојува Брус Вилис има некои елементи кои му помагаат на поранешниот актер да запомни некои имиња или важни настани.

„Таа канцеларија отсекогаш била еден вид прозорец кон она што најмногу го интересира во секој момент“, објасни таа.

„Неодамна најдов таму парче хартија на кое тој напиша, едноставно, „Мајкл Џордан“.

„Посакувам да знаев што мисли“.

„Собата е исполнета со префинети предмети што тој ги собрал: стари играчки автомобили, монети, камења, предмети направени од месинг“.

„Тој сака работи што се тешки во раката, кои може да ги врти околу прстите. Секогаш е пуштена музика“.

За среќа за Талула, нејзиниот татко сè уште го препознава своето семејство и одржува доволно мобилност за да оди од едната до другата страна на куќата без помош.

Минатиот март му беше потврдена дијагнозата на фронтотемпорална деменција на глумецот, откако првично му се припишуваше болест позната како афазија, која влијае на неговиот говор.

Понатамошните испитувања открија дека афазијата била само дел од деменцијата која конечно беше откриена.

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova
Се вчитува....