10:30 - 10 ноември, 2026

Морган Фримен „живее во агонија“: Ослабнал 11 килограми, едвај оди

Пријателите на легендарниот актер, режисер и наратор Морган Фримен открија дека неговата здравствена состојба е сериозно нарушена, пренесува „Дејли стар“. Тој на крајот на јули се појави на настанот „SeaChange“ и изгледаше слаб, а според медиумите ослабел дури 11 килограми.

На овој настан, актерот, кој има 86 години, беше забележан во сина кошула и сив костум, со темни очила за сонце и капа на главата, со рацете зад грб. Според информациите на порталот „Радар онлајн“, пријателите на актерот се се позагрижени за него.

„Поднесува неверојатни болки. Го боли кога оди, кога станува од столица, па дури и само кога мрда со раката. Воглавно пати во тишина, но добар дел од времето е во агонија“, објаснува изворот.

Друг извор за „Радар онлајн“ изјавил дека актерот ослабел 11 килограми во последните две години, а апетитот му исчезнува поради болките. Инаку, поради инфекција, актерот беше принуден да го откаже патувањето во Обединетото Кралство, каде што требаше да се појави на промоцијата на филмот „Специјални операции: Лавица“.

Сепак, ПР агентот на Морган Фримен инсистира дека тврдењата на пријателот се лажни.

Фримен наполни 86 години во март оваа година. Се прослави во бројни филмови, првиот Оскар го доби во 2005 година, за филмот „Девојка од милион долари“. Актерот е препознатлив и по бенките на лицето, но и по обетките кои со години не ги извадил.

– Отсекогаш сакав (да носам) обетка. Тоа е поврзано со мојата љубов кон морето. Јас сум страстен морнар, вечно вљубен во сината вода – изјави еднаш легендарниот актер.

Слични објави

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо
Се вчитува....