14:42 - 7 ноември, 2026

Една намирница е забранета во домот на Јелена и Новак Ѓоковиќ: Сепак малиот Стефан сака да ги прекршува правилата

Instagram

Што се однесува до исхраната на тенисерот Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена, веќе нема дилема околу исхраната. Тие двајца јадат само вегански рецепти, а во медиумите се води полемика за тоа што јадат нивните деца Тара и Стефан.

Најинтересно е што во куќата на Ѓоковиќ има работи кои се забранети. Како што е познато, Новак и Јелена не користат шеќер во исхраната, туку јаглехидратите тенисерот ги добива преку тестенините, но она што е важно да се напомене е дека тоа се тестенини без глутен. Тој не консумира рафиниран шеќер, туку консумира урми и овошје.

Јелена Ѓоковиќ за време на карантинот откри како изгледа исхраната на нејзините деца додека се дружеше со своите фанови на Инстаграм.

— Стефан првата година и пол имаше нормална исхрана со месо и риба, а потоа премина на растителна исхрана и се чувствува многу добро, здрав е, а Тара е на растителна исхрана од почеток, фала Богу никогаш не сме имале проблеми со нејзиното здравје. Децата се целосно на растителна исхрана, без проблем јадат компири како луди и краставици и моркови. И јас им давам многу смути и зелени плодови, сето тоа го блендирам, некои деца се генијалци и одма јадат сѐ, моите деца уште не јадат зелена салата, но не ме фаќа паника затоа што им давам суплементи и шејкови. И ние не пржиме, туку готвиме, тие јадат варени компири или пире – објасни тогаш Јелена.

Единствена која знае да ги прекрши правилата е мајката на Новак, Дијана Ѓоковиќ, која во една прилика откри дека понекогаш ги „крши“ правилата, па на своите внуци им подготвува храна која не е дозволена кај мама и тато.

— Ги сакаат моите познати палачинки. Секогаш слушам: „Бабо, спреми ни палачинки“, а потоа се натпреваруваме: „Кои сакаш, безглутенски или нормални“, а Стефан вели: „Бабо нормални, пушти ги безглутенските“ –изјавила Дијана Ѓоковиќ во една прилика со насмевка.

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....