13.8 C
Скопје
19:57 - 23 април, 2024

Џони Деп неодамна продаде 780 графики за повеќе од три милиони евра, но тој не е единствен: И овие негови колеги се занимаваат со сликарство

Џони Деп неодамна продаде вкупно 780 графики со портрети на Боб Дилан и Кит Ричардс, Елизабет Тејлор и Ал Пачино, а распродадена е и неговата колекција наречена „Пријатели и херои“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Castle Fine Art (@castlegalleries)

Но освен Џони Деп и други негови колеги уживаат во дружењето со четките и боите.

И Мишел Фајфер е добра сликарка. На својот инстаграм-профил со своите фанови го сподели автопортретот кој сите ги воодушеви.

Силвестер Сталоне исто така слика. Пред една година во германскиот град Хаген, постави изложба (најголем приказ на неговите дела што ја следи неговата работа од доцните 60-ти до сега) наречена „Силвестер Сталоне: Магијата на битието“. Сталоне на отворањето рече: „Знаете, можеби требаше да бидам сликар. Тоа секако би значело помалку стрес“.

Тоа не му беше прва изложба на Сталоне, тој досега имал неколку, како онаа во Санкт Петербург во 2013 година или во Ница, Франција во 2015 година.

Глумицата Луси Лиу покажала интерес за уметност во нејзините тинејџерски години и студирала во њујоршкото Studio School. Таа ги изложува своите дела од 1990-тите, најпрво под нејзиното кинеско име Ју Линг, а од 2011 година како Луси Лиу. Зад неа се неколку изложби во светските метрополи, а последната е во 2021 година со лондонската галерија Салон Верт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lucy Liu (@lucyliu)

Шеесет и деветгодишниот ирски актер Пирс Броснан, најпознат по улогата на тајниот агент Џејмс Бонд, ја имаше својата прва изложба на слики во Париз пред четири години. Заработката од продадените слики ја проследи до фондацијата Броснан Траст, која дополнително ги додели на хуманитарни здруженија кои се занимаваат со животна средина, правата на децата и жените и здравствената заштита. Кога имал 16 години, го напуштил училиштето затоа што сакал да стане сликар. Во меѓувреме се запишал на курс за комерцијална илустрација во едно лондонско уметничко училиште, но потоа го открил својот вистински повик – глумата.

Слични објави

(Видео) „Дува силен ветар, ама…“: Се огласи Никола Роквиќ од патот кон Грција

Еспресо

(Фото) Први фотографии на Раста од болница: Раперот задржан поради големи болки

еспресо

(Фото) Пријател објави приватна фотографија на Дарко Лазиќ и Катарина: Вака не сме ги виделе

Еспресо

Раста итно примен во болница

Еспресо

(Видео+фото) Ќеркичката на Никола Роквиќ плаче додека се збогува со својот татко кој тргна пеш за Грција на пат долг 1.150 километри

Еспресо

(Фото) Марко „Дај побрзај“ стана татко: Се родија близнаците Вања и Веда

Еспресо
Се вчитува....