15:11 - 10 ноември, 2026

Џон Траволта вдоми кученце кое се појави на доделувањето на Оскарите

Џон Траволта и неговиот син Бен го проширија своето семејство. 68-годишниот актер и неговиот 11-годишен син го посвоија Mac & Cheese, преслатко кученце кое се појави на доделувањето Оскарите.

Кутрето го претстави Џејми Ли Кертис додека и оддаваше почит на покојната Бети Вајт.

„Таа не беше само златна девојка. Таа беше легенда која ја разубавуваше секоја просторија во која влегуваше и измамуваше насмевка на лицата на сите што ја гледаа на екранот. А, покрај тоа, таа беше жена која се грижеше за вакви животни. Значи, најголемиот подарок што можете да и го дадете на Бети Вајт е да го отворите своето срце и да посвоите кутре како Mac & Cheese“, рече таа.

Нејзините зборови очигледно влијаеле на Траволта, кој решил да го посвои кутрето, за што Џејми Ли Кертис подоцна му се заблагодари на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)

„Ова е совршена почит за Бети Вајт и сите оние кои ги спасуваат животните и им обезбедуваат засолниште од бурите на животот и обезбедуваат топол дом полн со љубов“, заклучи таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Lee Curtis (@curtisleejamie)

Слични објави

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....