22.8 C
Скопје
09:49 - 9 септември, 2026

Десингерица ги откри деталите за влегување во реално шоу: Ако „легнат“ доволно пари на сметка, ќе истрпам шест месеци

Неговиот став за шоу програмите веќе предизвика поделени реакции на социјалните мрежи.

Раперот Драгомир Деспиќ, попознат како Десингерица, неодамна се појави на поткаст, каде откри детали за неговиот однос кон реалните шоуа.

Тој нагласи дека не е целосно затворен за идејата да учествува во реално шоу, но додаде дека ќе мора да има конкретна причина зошто би се одлучил на овој чекор.

– Би влегол за одредена сума. Иако, да бидам искрен, секогаш кога ќе ми побараа цифра, јас бев како „подобро да не платат“. Најлоша казна за мене би била ако го направам тоа, за мене би била страшна приказна, бидејќи во тоа реално шоу не можеш да сокриеш некои работи. Не го гледаш семејството, четириесетина луѓе смрдат и дишат ист воздух, се пресоблекуваат, користат едно ВЦ, а јас сум катастрофален карактер за тие работи – објаснил Десингерица.

Потоа открил дека е многу тежок и многу бара кога е во прашање одржувањето на хигиената и дека има некои работи кои едноставно не може да ги толерира.

– И знаете, јас реагирам катастрофално кога некој ќе направи нешто, или кога ќе ме изнервира. Дефинитивно би направил некои навистина сериозни ср..а или некој би ме искомплексирал толку што би направил криминал, но расположен сум ако има „легнат“ на сметка доволно пари, ќе издржам шест месеци затвор – заклучува Десингерица.

Слични објави

(Видео) Ника брутално искрена за гримасите на Душко додека Јелена плачеше

E.A.

Дневен хороскоп за 9 септември: Очекувајте конкретни резултати за вашиот досегашен труд

apostolova

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.
Се вчитува....