10.8 C
Скопје
21:44 - 19 октомври, 2026

Еве на кој универзитет дипломирал Вељко Ражнатовиќ: Сменил три држави за своето образование

Иако моментално се занимава со спорт и земјоделство, малкумина знаат дека Вељко Ражнатовиќ завршил факултет.

Синот на фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ се школувал во странство, а неговата мајка се погрижила Анастасија и тој да имаат најдобри услови за образование.

Ражнатовиќ учел меѓународно основно и средно училиште заедно со неговата сестра Анастасија.

Интересно е што дел од своето образование го добил и на Кипар, каде што поседуваат и недвижен имот, но деталите за неговите студии претходно не биле познати.

Според информациите, Вељко се школувал во три различни земји – Србија, Кипар и Република Српска.

Имено, тој во декември 2019 година дипломирал на Колеџот за применети и правни науки „Прометеј“ во Бања Лука, како што и самиот потврди во една прилика.

Да потсетиме, Ражнатовиќ води свињарска фарма, која забрзано се развива. Во моментов има фарма со капацитет за 450 свињи, додека друга, која е во изградба, се подготвува да прими меѓу 10.000 и 12.000 свињи.

Вељко истакнува дека отсекогаш сакал да се занимава со земјоделство и да биде поблиску до селото, а љубовта кон фармите започнала преку соработката со неговиот свекор кој се занимава со производство на пилешко.

@Отсекогаш ми се допаѓала идејата да работам на село. Отпрвин не знаев што точно ќе правам, но се договорив со свекор ми и со него ги научив основните работи. Пресметав се и бизнис планот ми звучеше логично и одржливо – изјави еднаш Вељко Ражнатовиќ.

Слични објави

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.
Се вчитува....