5.8 C
Скопје
03:27 - 1 април, 2026

Денес би го славела 62-от роденден – Јелена на гробот кај мајка ѝ однесе џиновско срце со бел ангел (ФОТО)

Јелена Карлеуша со посетата на гробиштата го одбележа денот на раѓањето на својата почината мајка Дивна.

Пејачката Јелена Карлеуша (41) го одбележа 25-ти јануари, роденденот на починатата мајка, која денес би прославила 62 години.

Јелена на својата мајка на гробот и однесе џиновски букет цвеќе, во облик на срце, врз кој беше поставена фигура од бел ангел од порцелан.

инстаграм

Дивна почина на 3-ти март 2018 година, по долгогодишната борба со тешката болест, а минатата година роденденот го прослави во круг на најблиските во еден локален ресторан.

Дивна на прослата на 61. роденден позираше со својата пријателка Верица и сестрата Даниела, а објави и фотографии со внуките Атина и Ника Тошиќ, покрај роденденската розева торта.

– Кога моите бебиња ми пејат „Среќен роденден“, срцето ми трепери од среќа!!!, напиша тогаш Дивна.

Минатата година Дивна и Јелена пред роденденот, на почетокот на јануари, отпатуваа во Истанбул каде неколку дена уживаа заедно.

– Те сакам мамо, напиша тогаш пејачката покрај објавата.

Само 5 дена по роденденот на Дивна, Карлеуша на својата мајка и ја посвети наградата која со колегата Аца Лукас за песната „Банкина“ ја доби на првиот MAC.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....