11:11 - 12 ноември, 2026

Деми Ловато за предозирањето: Живеев во лага дека сум среќна (ВИДЕО)

Американската пејачка Деми Ловато, гостувајќи во подкастот на Ешли Грејем „Pretty big deal“, рече дека пореметувањето во исхраната е една од причините која влијаела на нејзиното предозирање во јули, 2018 година.

– Уморна сум од строго вежбање и екстремни диети. Последните неколку години мислев дека го решавам проблемот со пореметувањето во исхрана, но всушност тонев се подлабоко. Симптомите не беа очигледни како порано, но очигледно е дека се работеше за пореметување во исхраната. Кога имате околу себе одредени луѓе кои ви зборуваат како треба да изгледате, тоа дополнително ги отежнува работите – вели Деми.

Деми се предозираше во јули 2018 година и итно беше префрлена во болница, каде се задржа краток период пред да замине на рехабилитација.

– Искрено сметам дека токму тоа доведе до се она што се случи во изминатата година. Во моментот кога помислив дека сум излечена, а всушност не бев. Живеев со таа лага и се обидував да го убедам светот дека сум среќна кога всушност не бев – додава Ловато.

Пејачката, во гостувањето кај Ешли Грејем, најави и дека ќе издаде нов албум.

– Наскоро ќе издадам нов албум, а потоа ќе му се посветам на менталното здравје – порача Деми.

 

Слични објави

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.
Се вчитува....