21:44 - 6 ноември, 2026

(Видео) Дејвид Бекам предизвика бурни реакции бакнувајќи ја својата ќерка во уста: Ова е болно

Дејвид Бекам на социјалните мрежи сподели видео каде неговата 12-годишна ќерка Харпер го шминка. На крајот ја бакнува во уста што предизвика бројни реакции кај неговите следбеници.

„Мојата мала шминкерка работи добро и има одлична плејлиста (Тејлор Свифт). На пат сме, мамо“, рече тој во описот и ја означи својата сопруга Викторија, која ја претстави својата модна колекција на модната недела во Париз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Секако, најмногу внимание привлече што тој на крајот од видеото ја бакнува Харпер.

„Верувам дека сте поврзани како татко и ќерка, но овој бакнеж е непотребен. Таа сега е млада девојка, веќе не е мало дете“, се дел од коментарите на следбениците кои го критикуваа Бекам.

Сепак, некои решија да го поддржат и изјавија дека не гледаат ништо лошо во овој бакнеж.

„Ова е израз на љубов меѓу татко и ќерка. Не гледам ништо непристојно“, „Престани да правиш сензација од ништо“, „Секоја девојка треба да има татко како Дејвид“, се дел од реакциите.

По ревијата тој објави фотографија на која се гушка со Викторија и ѝ честита за успехот.

„Затишје по бурата. Како и секогаш, ние сме многу горди на тебе. Ги надмина дури и твоите високи стандарди. Те сакаме“, рече тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Слични објави

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо
Се вчитува....