14:06 - 29 ноември, 2026

Дара Бубамара откри зошто со години била скарана со Саша Поповиќ: Се налутив и му ја затворив вратата!

Дара Бубамара некогаш беше во конфликт со Саша Поповиќ, а сега проговори за нивната врска.

Имено, пејачката откри зошто таа и Саша биле скарани и како се смириле.

– Тоа вие е како маж и жена. Имав многу маки во кариерата. Не по моја волја, туку се создава некаква љубомора. прекинував соработка со менаџерите, се разделував од бендовите… Со Саша во еден момент не се договоривме за условите бидејќи се налутив затоа што чувствував дека не го заслужувам тоа. Сале сакаше да се договориме, но јас бев темпераментна во тоа време. Му ја затворив вратата, му реков: „Чао“ и ја сменив издавачката куќа – рече пејачката, а потоа откри како дошло до смирувањето:

– Кога се омажив ми испрати огромен букет со цвеќиња до таванот, тој и Брена. Тогаш се слушнавме и се смиривме. Подоцна останав бремена, се слушнавме. Кога го родив синот и му го дадов името Константин, тој ми се јави и ми рече: „Не ми се верува дека си му дала име како татко ми“. Оттогаш секогаш сме се поддржувале еден со друг. Тој ме обожаваше и јас го обожавав него. Ги имавме најдобрите автомобили на шоуто и секогаш се шегувавме.

Пејачката истакна дека тешко ја поднела веста за болеста на Саша.

– Кога слушнав за дијагнозата, не верував. Му се јавив и ми рече дека е вистина. Подоцна се лекуваше во Париз, а кога слушнав дека е подобро, многу се израдував. Подоцна повторно беше болен, му се јавив и прашав како си, ми рече: „Болен сум Даки“. Реков дека ќе биде добро, но по неколку дена почина – изјави Дара во емисијата „Премиера, викенд специјал“.

Слични објави

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.
Се вчитува....