13:50 - 29 ноември, 2026

Дара Бубамара гради рај на Фрушка Гора: Вила од 400 квадратни метри, огромен базен, и тука не е крајот!

Српската пејачка Дара Бубамара одлучи да додаде уште една по ред на својата листа на недвижности што ги поседува. Иако нејзиното живеалиште е во Нови Сад каде што живее со својот син Коста, Дара поседува недвижности во Белград, Барселона и во Атина.

– Дара купи парцела на Фрушка Гора уште пред коронавирусот. Таа вложува многу пари во недвижности, а кога го видела ова место, веднаш решила да изгради вила таму. Ќе биде врвно средена, со голем базен во дворот. Се наоѓа на совршено место, локацијата е врвна. Дара отсекогаш сакала да има некое место за себе надвор од градот, а од ова не може да биде подобро. Блиску ѝ е и станот во Нови Сад, но и во Белград, каде што ѝ треба помалку од еден час возење. Вилата ќе има речиси 400 квадратни метри. Инсистираше на големи гаражи за автомобили, се знае колку е „слаба“ на луксузни автомобили. Работата ќе се одложи, тешко дека ќе биде завршена до крајот на годината, но речиси е сигурно дека Дара ќе може да ужива во својата нова куќа следното лето – изјавил изворот за српските медиуми.

Секако, ова нема да биде постојаната адреса на пејачката, ниту пак планира да го напушти Нови Сад и да се пресели на село, но тоа ќе биде нејзино засолниште и оаза на мир кога ќе сака да избега од градот.

И самата пејачка потврди за медиумите дека гради нова куќа во Војводина.

– Јас сум од Нови Сад. Како што јас велам „новосадиста“. Не сега во смисла дека се одвојувам, но сум тука. Имам своја база. Сега сакам да изградам куќа на Фрушка Гора, каде што имам плац веќе долго. Некој свој свет. Не одам низ Белград. Слабо. Не планирам да одам никаде далеку од мојата Војводина. Тука ми одговара. Имам станови и во Белград, но тој рид, таму-ваму, гужвите, мене тоа воопшто не ми одговара – изјавила Дара за „Скандал“.

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova
Се вчитува....