11:44 - 29 ноември, 2026

Цеца Ражнатовиќ жртва на измама: Моето име е злоупотребено, ќе биде добро ако не поднесам кривична пријава

Српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ се обрати на својата публика и откри дека била жртва на измама.

Имено, како што објасни пејачката иако нејзиниот настап во Челинац беше најавен за утре, нејзиниот менаџмент никогаш не го потврдил тој датум. Таа видно лута, објави видео со кое ја обасни непријатната ситуација во која се нашшла.

– Сакам да ѝ се обратам на мојата публика во врска со утрешниот настап и местото наречено Челинац. Тој датум никогаш не беше одобрен од мојот менаџмент, мојата публика беше доведена во заблуда, моето име беше злоупотребено. Сакам да се застане на патот за тоа, па нема ни да се појавам утре. Не е до мене, едноставно не е можно на таков начин да се манипулира со моето име и мислам дека е многу грдо и голема срамота. Ќе биде добро да не поднесам кривична пријава за лажно објавување на мојот настап – изјави Цеца.

Слични објави

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо
Се вчитува....