09:55 - 9 ноември, 2026

Брена била лудо вљубена во српски политичар: Останале во пријателски односи

Лепа Брена била лудо вљубена во српски политичар пред да се омажи за Слободан Боба Живојиновиќ. Станува збор за Мирко Крлиќ. Бил уредник и водител на ТВ-емисии од политичка и општествена содржина и главен уредник на весникот „Зрењанин“.

Со одлука на Владата на Република Србија е именуван за помошник директор на Канцеларијата за Косово и Метохија во 2012 година. По формирањето на Српската напредна странка станал претседател на Информативниот совет на СНС во Зрењанин, како и потпретседател на Градскиот комитет на СНС во Зрењанин.

„Точно е дека Лепа Брена ми беше долго време девојка и дека се сакавме, но сега тоа е минато и сега сме само добри пријатели. За тоа што зборува Зрењанинската чаршија, дека требало да се омажи за мене и дека сѐ било готово – можам да кажам дека сето тоа е нечија имагинација и убави желби… Можам да кажам дека, по нашето запознавање , Брена ми беше и остана голема пријателка“, изјави во една прилика Мирко.

Тој додал дека додека биле заедно често му кажувала дека нејзината најголема желба е да основа семејство и дека постојано ја прогонува помислата дека славата еден ден ќе помине, а таа ќе остане сама.

„Таа не можеше да се ослободи од тој страв, особено што постојано беше одвоена од родителите, кои живеат во Брчко“, рече тој.

Слични објави

(Фото+видео) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо
Се вчитува....