9.8 C
Скопје
14:48 - 31 март, 2026

„Brass Brothers“ ќе ве заразат со нивната прва авторска песна „Време – невреме“ (ВИДЕО)

Еден од најпопуларните бендови во нашата земја, атракцијата од Битола, „Brass Brothers“ конечно ја израдуваа многубројната публика со своја авторска песна.

Песната носи наслов „Време – невреме“ и верувајте, ова е песна која сме сигурни дека ќе ја ставите веднаш на вашата плеј-листа.

„Време – невреме“ е песна на која како автори на текстот се потпишуваат Елена Тодосиоска и Дејан Марковски, музиката е на Горан Мицевски – Кус, а аранжманот е на познатиот пејач Димитар Андоновски. Видеото пак го изработија „Concept Production“ од Битола.

Фото: Промо

– На ваше барање, а на наше огромно задоволство ви ја преставуваме нашата прва авторска песна. Последиците од невремето кое го живееме и револтот кој го изразуваме во „Време – невреме“ ,не сакаме да бидат искористени од страна на актуелните политички опции и се оградуваме од истите.Главната порака е : „СО ЉУБОВ ДА ПОБЕДИМЕ” – велат момците од „Brass Brothers“.

Тие нема да застанат само на оваа песна. Веќе се подготвува и втората, а дотогаш нив може да ги видите и слушнете буквално во секој град од нашата земја, бидејќи овие момци важат за најдобрите „мајстори“ за забава!

Погледнете го спотот:

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....