18.1 C
Скопје
01:44 - 20 јуни, 2026

Боно Вокс во Сараево: „Имам босански пасош, тоа ми е најголема чест“

Легендарниот музичар Боно Вокс се појави на црвениот тепих пред премиерата на филмот Kiss the Future со кој беше отворен 29. Сараевски филмски фестивал.

Појавувањето на легендарниот музичар на црвениот тепих предизвика голем ентузијазам кај сараевчани и туристите кои пристигнаа пред „Народно позориште“, во пресрет на првата вечер од познатиот регионален и интернационален филмски фестивал.

„Имаме босански пасош, тоа го знаете. Тоа ми е најголема чест. Дојдовме овде како писатели, како новинари, како сведоци, а сега сме овде како туристи. Ова е прекрасна земја, луѓето не прават среќни. Горди сме на нашите улоги во овој филм“, им порача Боно Вокс на присутните новинари.

Покрај Боно, во главниот град на Босна и Херцеговина дојдоа уште единаесет луѓе, меѓу кои и првиот соработник на Боно, гитаристот на U2 Дејвид Хауел Еванс, попознат како The Edge, пренесуваат босанските медиуми.

Тие синоќа се појавија на црвениот тепих на 29. Сараевски филмски фестивал.

Овогодинешниот Сараевски филмски фестивал го отвори филмот „Бакнете ја иднината“ (Kiss the Future) во режија на Ненад Чичин-Шаин, чие сценарио го потпишаа Чичин-Шаин и Бил Картер.

Инаку, филмот е продуциран од Мет Дејмон и Бен Афлек за Pearl Street Films и Сара Ентони за Good Wolves Production. Извршни продуценти на филмот се Дру Винтон, Медисон Ејнсли, Алан Молони, Џенифер Пичер, Ненад Чичин-Шаин и Бил С. Картер.

Во филмот станува збор за актуелна приказна за отпорот на Сараево за време на опсадата на градот во 1990-тите и ја следи алтернативната сцена на градот, која ја користеше музиката и уметноста за да предизвика промени и да привлече светско внимание, а повоениот концерт на U2 беше прослава на победа на градот.

Во филмот настапуваат: Боно, The Edge, Адам Клејтон, Бил Клинтон, Кристијана Аманпур, Мирсад Пуриватра, Весна Андрее Заимовиќ, Сенад Заимовиќ, Енес Златар, Алма Чатал Хурем, Борис Шибер и Срѓан Гино Јевѓевиќ.

 

Слични објави

„Кариерата ѝ назадуваше, тоа ѝ влијаеше на психата“ – другарот на Мина Костиќ откри што се случува со пејачката

E.A.

(Фото) Дани на две романтични патувања со сопругот — од дождливата Прага на море

Еспресо

(Фото) Српската џетсетерка на исто место со кралот Чарлс и кралицата Камила: На себе носи ѓердан од 12.000 евра

Еспресо

(Видео) „Михаела“, нова балада на Влатко и Златко Миладиновски, инспирирана од вистинска приказна

msp-admin

Маја Шупут откри дали новата песна е посветена на Шиме

Еспресо

Откриено колку пари се вложени во Јаков Јозиновиќ: Пејачот зема убава сума, а менаџерите „дебело“ заработуваат

Еспресо
Се вчитува....