18.8 C
Скопје
00:34 - 17 август, 2026

Билетите за Евровизија за неколку минути се распродадени, само ОВИЕ ОСТАНАА

Започна претпродажбата на влезниците за Евровизија во Торино: и веднаш се распродадоа и билетите за финалната како и оние за двете полуфинални вечери. Но, остана уште нешто…

Започна претпродажбата на влезниците за Евровизија 2022, и само за неколку минути веќе не е можно да се купат билети за финалето во сабота на 14 мај во Торино. Но италијанските медиуми соопштуваат дека се уште има некои можности да се набави билет за оние кои сакаат да присуствуваат на вечерите на музика во Пала Олимпико.

Всушност, сè уште се достапни неколку билети за деновите 9, 10 и 12 мај, но не и за главните вечрни евровизиски шоу-а, а можат да се купат на TicketOne.

Имено, публиката ќе може да го гледа генералните проби за гласовите на жирито, во полуфиналето, а потоа и во финалната вечер, ако со време си набави билет, кои исто така од час во час се трошат.

Во моментов е можно да се купат билети за генералната проба 2 од првото полуфинале (Жири шоу) закажана за понеделник 9 мај во 21.00 часот. Влезниците се пуштени во продажба, а цената почнува од 30 евра па нагоре, и не може да се купат повеќе од 4 билети од едно лице.

Билетите се достапни и за генералната проба 3 од првото полуфинале (Family Show) попладне во вторник на 10 мај, генералната проба на земјите од првото полуфинале. Во овој случај, билетите  пуштени во продажба линат од 50 евра па нагоре. Претсавата ќе започне во 15.00 часот.

Конечно, достапни се билети и за Семејното шоу во четврток на 12 мај со почеток во 15.00 часот за второто полуфинале. Повторно, влезниците почнуваат од 50 евра.

Влезниците за полуфиналето и финалето на Евровизија се веќе распродадени, а онлајн продажбата почна вчера – утрото на 7.април!

„Честитки до сите оние кои си купија билет. Се гледаме во Торино!“, напишаа на Твитер организаторите на манифестацијата која ќе се случува од 10 до 14 мај, потсетувајќи дека „билетите за семејните шоуа се уште се достапни“.

Слични објави

(Видео) Влада од „Магла бенд“ проговори за најголемата траума од детството

E.A.

(Фото) Сопругата на Тарик Филиповиќ во тиркизен костим за капење изгледа како милион долари

Еспресо

Миа Беговиќ со емотивна објава се присети на сестра ѝ Ена на годишнината од смртта: Ужасот од сознанието дека одекот на една душа засекогаш е тука, но не можеш да ја прегрнеш

Т.Ц.

Неделен хороскоп без разубавување: Кој ќе добие порака од минатото, кој ќе троши пари без план, а кој конечно ќе каже „доста е“?

Еспресо

Азис вгради силикон во градите, па се соблече на плажа — сите погледни беа вперени во него

E.A.

Хасан Дудиќ се бори со тешки здравствени проблеми — пејачот го напушти Белград и прима силни инјекции

E.A.
Се вчитува....