6.6 C
Скопје
03:58 - 1 април, 2026

Берлускони не се откажува од љубовта ниту на 83 години: Има нова девојка, помлада од претходната!

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, познат по сексуалните испади на прочуените „бунга, бунга“ вечери официјално се раздели од партнерката, за да се гледа со жена која е 54 години помлада од него.

Милијардерот на 83 години ја напушти Франческа Паскале (34) после 12 години заеднички живот, но тие остануваат пријатели, наведе партијата на Берлускони, Напред Италија (Forza Italia).

Франческа Паскале изјави дека Берлускони секогаш ќе ѝ биде драг пријател и дека му ја посакува „сета среќа на светот“.

Берлускони кој зад себе има два разводи, но со Франческа Паскале не се венчаше, падна на шармот на манекенката Марта Фачина, која има 30 години и е пратеник од неговата партија.

Италијанските таблоиди претходно објавија дека таа имала обичај да спие кај Берлускони, за да му биде веднаш достапна за работните состаноци.

профимедиа

Франческа Паскале живее во луксузна вила која претходно и ја купи Берлускони.

Папараците неодамна обелоденија и фотографии на новата љубовна двојка како излегува од еден хотел во Швајцарија.

профимедиа

Берлускони претходно беше осуден на седум години затвор поради проституција со малолетнички за време на организираните вечери. Казната во жалбената постапка му е укината.

Моментално против Берлускони се води постапка зошто го плаќал молчењето на девојките кои присуствувале на тие вечери кои често се претворале во оргии.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....