12:30 - 29 ноември, 2026

Бака Прасе откри дали имал нешто со Лепа Лукиќ: Се колнам дека не знаев која е

Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се огласи по лајвот со Јелена Карлеуша и откри сѐ за аферата во која била вмешана Лепа Лукиќ.

Имено, Јелена изјави дека слушнала дека Бака Прасе е добар во кревет, а таа информација ја слушнала од нејзината постара колешка Лепа Лукиќ.

Сега јутјуберот во ново вклучување ја разјасни работата поврзана со Лепа Лукиќ.

– Се колнам, немав ништо со Лепа Лукиќ. Слушнав за Лепа Лукиќ, но не знаев како изгледа, мислев дека е некоја девојка, а таа била баба. Почит за бабата, жена во години, но навистина ме „намести“ Карлеуша… Тоа е како коцкање, подоцна сфатив – рекол Бака Прасе.

Да потсетиме, Лепа се закани дека ќе поднесе тужба.

– Ве молам немојте, дали треба да ја коментирам таа глупост? Вие сте 20-та личност што ми се јави од утрово. Ја немам видено пет години, не ја слушам и не ја гледам. Ниту сум ја слушнала, ниту сум ја видела на телевизија, ниту сум ја сретнала некаде. Не се дружам со неа, не ја потценувам, но моите и нејзините години не се исти – рече таа, па додаде:

– Ќе ја тужам! Нема да ја коментирам, никаде ја нема, сака да се закачи за мене. Сега одам кај адвокатот.

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....