28.8 C
Скопје
18:55 - 9 септември, 2026

Австриска наследничка го поседува луксузното одморалиште на Лопуд каде што Бекамови моментално летуваат

Изминативе денови јавноста е окупирана со веста дека познатата британска двојка Дејвид и Викторија Бекам со семејството се одмараат во Хрватска, а за одмор го избраа островот Лопуд и луксузното одморалиште „Лопуд 1483“, каде што цената за изнајмување на ден е десет илјади евра за десет лица, а цената на едно ноќевање е околу 1400 евра.

Луксузниот комплекс во кој престојува славната двојка се наоѓа во поранешен манастир кој бил реновиран од грофицата Франческа фон Хабсбург и претворен во музеј со елегантен бутик хотел и духовно одморалиште од 21 век, заедно со црква, камбанарија и манастир, а во состав на комплексот се наоѓа света градина.

Познат е како една од најлуксузните дестинации на Јадранот, а гостите имаат пристап до консиерж и приватен готвач.

Но, која е жената што го поседува и како го наследила овој луксузни комплекс.

Франческа е поранешна снаа на семејството Хабсбург и поранешна сопруга на Карл фон Хабсбург, кој е внук на последниот австриски император, Карл Хабсбуршки.

Во 1993 година се омажила за Карл, а нивниот брак завршил во 2003 година. Заедно имаат три деца, синот Фердинанд и ќерките Елеонора и Глорија. Семејството често летувало во Хрватска, а во 1997 година Франческа добила концесија за манастирот Раѓањето на Марија на Лопуд како благодарност за помошта при реставрацијата на монументалното наследство на Дубровник, уништено за време на војната, пишува Национал.

Грофицата го реновирала манастирот и го претворила во ресорт кој бил отворен во 2018 година.
Манастирот го добила на користење 99 години, а дел од својата богата уметничка колекција сместила во ресортот.

Франческа е страствена колекционерка и поседува една од најголемите приватни уметнички колекции во светот, која ја наследила од нејзиниот татко Ханс Хајнрих и ја проширила со текот на времето.

Грофицата често и самата летува на Лопуд, а на својот инстаграм-профил често објавува фотографии од семејството како ужива на Јадранско Море.

Слични објави

Тамара отворено за љубовта: Му го проверив телефонот на Лука, а со видеото за раскинувањето претерав

Еспресо

Како да знаете дали сте претерале? Висок крвен притисок, главоболка и тахикардија се јавуваат при висок внес на кофеин

Еспресо

(Фото) Цеца по неколку години повторно влезе во вилата на Кипар: Луксузниот имот го купила на кредит, а сега покажа како изгледа

Еспресо

(Фото) Каролина ќе биде наследничка на Маја Оџаклиевска: познатиот битолски музичар сподели важна приказна

Еспресо

Карлеуша и Тошиќ „солено“ ќе го платат школувањето на Атина во Милано – купуваат и луксузен стан

Еспресо

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.
Се вчитува....