1.8 C
Скопје
01:11 - 27 октомври, 2026

Аница Лазиќ отворено за љубовта со Лазар Ристовски: „Се запознавме без посредник, Господ нѐ спои“

Аница Лазиќ и Лазар Ристовски веќе подолго време се мета на коментари поради големата разлика во години, но младата актерка тврди дека љубовта се случила „на прв поглед“.

Двајцата се во љубов веќе подолго време, и тоа повеќе не го кријат и покрај негативните реакции поради тоа што Ристовски е дури 39 години постар од својата избраничка.

Таа сега во интервју за „Јутро“ проговори за самиот почеток на романсата, нагласувајќи дека веднаш се заљубила во актерот и дека од самиот почеток верувала во својот избор.

„Јас и Лазар се сретнавме без никаков посредник, единствениот посредник беше Бог. Се сретнавме во Белград, се гледавме неколку секунди, а потоа се прегрнавме. После таа прегратка седевме и разговаравме со часови. Кога ме прашуваат од кога сме заедно, велам од првиот пат кога се погледнавме. Имавме дискусии дали треба да излеземе во јавноста и да кажеме дека сме заедно. Се договоривме да објавиме, Лазар немаше да биде Лазар ако не го направи тоа на свој начин“, рече таа и продолжи:

„Едно утро ми објави дека сме заедно додека спиев и отиде на работа. Станав малку подоцна, не го вклучив телефонот веднаш и ме чекаше море од пораки, тогаш не ми беше смешно. Тогаш ги видов насловите кои се објавуваат и денес. Доживеав интернет насилство, имав помош од психотерапевт, а Лазар ми беше голема поддршка, во тие моменти се прашував како им е на некои деца“, изјавила Аница во „Јутро“ на Прва.

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....