02:23 - 5 ноември, 2026

Ана Николиќ откри кога ја тепа нејзината ќерка Тара: „Е нема да бидеш Раста“

Пејачката Ана Николиќ гостуваше во една емисија и раскажа анегдота од гостувањето на кое отишла со нејзината наследничка Тара, која по тој повод побарала сладолед.

Овој симпатичен момент помеѓу мајка и ќерка ги освои сите, а Ана не ја криеше среќата што нејзината ќерка веќе покажува посебна поврзаност со неа, дури и на јавни настапи.

– Не, никогаш сладолед затоа што е болна и се инхалира. Тогаш ѝ бранам и игротеки бидејќи таму скока. Јас сум како злобна маќеа, но кога има бронхитис, тогаш наместо сладолед можам да ѝ дадам некој шлаг и игралиште, но без скокање. Тара е глава на парадата, таа е најдоброто дете, прекрасно девојче, мило, послушно до еден момент кога ќе стане мал Раста. Е па нема да бидеш Раста, и тогаш добива ќотек. Тогаш таа не може да издржи кога не и зборувам и ми вика да видам нешто, а јас само и велам: немој да зборуваш со мене. „Те молам дојди“, вели таа, а јас влегувам во собата, а таму сè уредно, сè здиплено. Јас се крстев и со левата и со десната рака, па ете гледате дека може – вели Ана и ја продолжува приказната за наследничката која ја имала во бракот со раперот Стефан Ѓуриќ Раста.

– Секогаш зборувам со неа како возрасна, освен кога ја заспивам, тогаш е како мало бебе, крофна, дебел задник… цуцла, цуцла, едвај се симнавме од цуцлата, кога ѝ ја исеков цуцлата.

На прашањето дали би ѝ подарила на Тара брат или сестра, пејачката рече:

– Никогаш! Тара не сака ништо од тоа.

Слични објави

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

(Фото) Сара Јо позираше во провокативно модно издание – црниот фустан од тантела ја истакна нејзината витка фигура

Еспресо

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо
Се вчитува....