04:33 - 9 ноември, 2026

Грашо ја потврди врската на Јелена Розга и Иван Хуљиќ? „Тончи нема среќа… и снаата музичарка“

Хрватскиот пејач Петар Грашо ја коментираше врската помеѓу Јелена Розга и Иван Хуљиќ.

„Тончи баш нема среќа. Не сакаше неговите деца да се занимаваат со музика, а двајцата станаа музичари. Па доби и зет музичар, а сега и снаата му е музичарка. Тоа што Тончи го сака, веројатно нема да се оствари“, изјави Грашо за „Блиц“, со што, изгледа, ја потврди врската за која долго се шпекулира.

Да потсетиме, веќе некое време се зборува дека 47-годишната Јелена и 37-годишниот Иван се во љубовна врска. Засега, тие не ги потврдиле овие гласини.

„Курир“ на почетокот на годината објави фотографии снимени во летото 2024 година, на кои се гледаат Јелена Розга и Иван Хуљиќ како шетаат низ Будимпешта држејќи се за раце.

Јелена и Иван и претходно биле видени заедно. На почетокот на минатата година, некој ги снимил во продавница. Фотографиите биле испратени до „Далматински портал“, а читателот кој ги испратил изјавил дека Јелена и десет години помладиот Иван изгледале „опуштено и весело“.

Уште во 2009 година, далматинските медиуми пишуваа дека тогаш 21-годишниот Иван често доаѓал во станот на Јелена во Сплит, а се зборуваше и дека биле видени заедно на концерт во градот.

Две години подоцна, на една домашна телевизија беше емитуван прилог во кој се тврдеше дека Розга изјавила: „Ние сме долго, долго време во врска. За мене годините не се важни, важно е да се сакаме и почитуваме. Тоа е најважното“.

Розга тогаш брзо ги демантираше овие тврдења за „Индекс“.

„Во ниту еден момент не спомнав име на личност. Дури размислувам за тужба против авторот на прилогот. Вистински новинар не би го направил тоа, тоа беше непрофесионално и грдо. Тажна сум, ова е навистина грдо и сум вознемирена.

Заљубена сум и среќна, а годините навистина не ми се важни – ниту во љубовта, ниту во пријателството. Но, во ниту еден момент не открив за кого станува збор. Кога ќе одлучам да го откријам името на мојот партнер, сите ќе дознаете. Засега, тоа нема да се случи“, изјави тогаш пејачката.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....