15:11 - 9 ноември, 2026

(Фото) Алек Болдвин со бастун по операцијата на колк: Ужасните болки ги прекривал со апчиња

Папараците успеаја да го снимат американскиот актер Алек Болдвин на улиците на Њујорк. Тој одеше со бастун по операција за замена на колк, пишува TMZ.

На глумецот му било тешко да живее во ваква состојба, со ограничено движење и со, како што рекол, ужасни болки цели две години, но не можел да одвои 4 до 6 недели за да го врати здравјето поради напорниот распоред на снимање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Telemetro (@telemetro)

Според Болдвин, потребата за ваква операција датира од многу одамна, но тоа до пред операцијата го решавал со лекови против болки. Сега пак, лекарите му препорачале стого одмор со лежење во кревет.

Ова не е лесен период за Болдвин, пред околу еден месец, тој го имаше своето прво јавно појавување откако беа отфрлени обвиненијата за убиство од небрежност кое се случи на снимаѓето на филмот „Рѓа“.

Во октомври 2021 година, Алек Болдвин, на сетот на филмот Рѓа, случајно ги застрела камерманот Галина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуса со оружјето за снимање наполнето со боева муниција. Тој беше формално обвинет за убиство од небрежност. Подоцна, обвиненијата против актерот беа отфрлени, и тој можеше да продолжи да снима на истиот проект.

 

Слични објави

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.
Се вчитува....