20.8 C
Скопје
13:26 - 27 април, 2024

Жаре Бербер: Ферус ми рече дека ќе свири додека не умре, снимавме два дена пред мозочниот удар

Со новата емисија „Галама шоу“, познатиот шоумен, водител и пејач Жаре Бербер (Жарко Богатинов) повторно се врати на ТВ екраните, секоја сабота на Канал 5 од 20.15. Едно од снинмањата кои ќе му остават најголем впечаток е она со легендата Ферус Мустафов, кој за жал почина минатиот месец, и зборовите кои му кажал, а никогаш нема да ги заборави.

– На ТВ не сум бил искрено никогаш, затоа што како мал се обидов да се качам на ТВ, па мајка ми ме скрши од ќотек, а на овие тенкиве лед телевизори не сум ни пробал, страв ми е, хахаха. Шегата на стана, по 10 години повторносум во етер и ако ме прашаш зошто, навистина немам поим, така ми дојде од никаде“, го коментира Жаре Бербер своето враќање на ТВ.

„Галама“ мислам дека прилега на таков концепт, телевизиски као мојата „Галама“, Единствено нешто во ова сивило кое фали е само доза на „галама“ која ни недостасува на нас лугето. И самиот термин „Галама“ и неговата употреба во нашиот жаргон као на пример: „Не ми галами, правиш многу галама, галамиш без потреба“, ме натера да си дозволам „Галама“ да биде називот на едно вакво кабаре шоу во кое галамењето ќе биде приоритет. Концептот е искрено, без ракавици, со многу емоции, љубов и разбирање за секого, без оглед на која боја, раса народност и сексуална определеност припаѓа. Со други зборови: Многу музика, позитвни мисли и убав неврзан муабет. Гостите не се најавуваат никогаш, тие секогаш доаѓаат ненајавени (ќе има од сѐ по нешто)“, го објаснува Богатинов интересното име на шоуто.

Вели дека чувствува доза на одговорност, искреност и добар дух кој мора да биде основен двигател на секоја работа во животот, па така и на овој проект. Жаре вели дека по природа не е човек кој од секој чекор прави приказна со која сака да ја сервира големината на проектот, едноставноста му е нешто што како што вели, го води од мал.

Познатиот шоумен вели дека бил шокиран кога слушнал за загубата на легендарниот музичар Ферус Мустафов. Снимената емисија со Ферус заедно со Елена Велевска, се емитуваше по неговата смрт.
-Бог да го прости Ферус, баш ми е жал. Бев шокиран кога слушнав дека непосредно по снимање, еден или два дена имал мозочен удар, западнал во кома и брзо потоа почина. Знам точно како беше ситуацијата, бидејќи контактирав со луѓе кои му се блиски. Ни од далеку јас не можев да забележам кај него дека нешто се случува. Напротив, беше весел, ведар, позитивен, таков како што само Ферус знаеше да биде, да гледа на животот и на работите. Беше ведар, полн со хумор на негов начин. Си праевме муабет пред снимање како е со настапи, кога и дали воопшто има намера да се пензионира. На ова тој ме погледна чудно и ми рече на неговиот скопско – штипски: Јас ќе свирам додека не умрам. Беше маестрален во секоја изведба, многу талентиран музички и жал ми е искрено што отиде така некако набрзина. Нека почива во мир и нека му е лесна земја на кралот на „саксот!!!“, вели Жаре.

Жаре со Ферус Мустафов, Елена Велевска и Кристина Димитри на снимањето на емисијата

За крај, тој коментира дека со клубските настапи по кои е познат, а и општо, ништо не може да биде исто како пред короната.

-Кај спомна корона, јас веќе забораив дека постоеше, иако јас во време на корона си поминав лошо во еден период. А, настапи како настапи, тие се секогаш исти. Настапот зависи од артистот, од неговата енергија, од флуидот кој ќе го направи со публиката. Јас сум по природа човек кој на работите гледа само позитивно, така што короната е заборавена од поодамна“, ни раскажа Жаре Бербер.

Фото: Јутјуб принсткрин

 

Слични објави

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо

(Фото) Силни зборови на Драгана Мирковиќ по разводот: „Многу сум посилна отколку што мислев, се сакам новата себе!“

еспресо

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Астропрогноза за сабота, 27 април: Важно познанство за Лавовите, многу среќа за Скорпиите

еспресо

Среќлии во љубовта: Два хороскопски знаци ќе доживеат возвишена љубов во мај

еспресо
Се вчитува....