04:13 - 28 ноември, 2026

Алек Болдвин одговори на прашањето зошто има толку деца

Актерот Алек Болдвин (64), кој до неодамна ги полнеше весниците по трагедијата на снимањето на филмот „Rust“, одговори на прашањето што ги интересира неговите обожаватели. Имено, актерот и неговата сопруга неодамна добија две деца и покрај возраста на Болдвин.

– Луѓето ме прашуваат зошто толку деца. Затоа што родителството е врвно искуство и ние го обожаваме – изјави Алек Болдвин на социјалните мрежи во свое и во името на неговата сопруга Хиларија (38).

Сопружниците заедно ги имаат ќерките Кармен (8), Мариу Лусиу (1) и синовите Рафаел (6), Леонардо (5), Ромео (3) и Едуардо (1). Болдвин од првиот брак со Ким Бесинџер (68) ја има и ќерката Ајрланд Болдвин (26).

Хиларија на својот инстаграм-профил објави дека во семејството доаѓа уште еден „Болдвинито“, како што ги нарече своите деца, и дека е многу благодарна за тоа.

– По многу подеми и падови во последните неколку години, имаме возбудливи вести и големо изненадување: доаѓа уште еден Болдвинито оваа есен. Бевме прилично сигурни дека нашето семејство е комплетно, но воодушевени сме од ова изненадување. Го споделувам со вас моментот кога им кажавме на децата – како што можете да видите, тие се многу возбудени! – напиша таа за веселото видео полно со деца.

Обожавателите и колегите му честитаа на парот што повторно ќе станат родители.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....