Ајпфел ќе го прослави својот 100.ти роденден утревечер, во Централ Парк Тауер, облакодер со 131 кат на Менхетен. „Ми рекоа дека зајдисонцето од стотиот кат па нагоре е спектакуларно, особено за да ѝ се радуваме на иднината“.
Ајрис Апфел имала 12 години кога првпат сама си купила облека. Утре (29 август) таа ќе наполни сто години а, во меѓувреме, стана модна икона, или, како што се дефинира себеси, „најстарата тинејџерка во светот“.
Модел, госпоѓа со стил, таа ги спои своите спомени, погледи и филозофија во нејзината книга „Случајна икона“ – рефлексии на ѕвезда од третата доба, во која раскажува, со многу ентузијазам, вкус и имагинација, од случките од детството со нејзината баба, до бегството во Чикаго поради музиката на Дјук Елингтон, од љубовта за Италија, меѓу Неапол и Сиена, до работата како дизајнер на ентериер во Белата куќа.
„Ѝ дозволивме на г -ѓа Никсон да избере ткаенини што ѝ се допаѓаат, а потоа да ги донесе во Вашингтон. Но, следниот ден таа се јави и засрамено ми: Госпоѓо Апфел, како и обично, купив нешто што не е добро. Те молам, кажи ми која ткаенина би била подобра и дојди на ручек со нас во четврток“, се сеќава Ајпфел.
Од приказна до приказна, иронијата се проткајува низ страниците на книгата. „Кога имав околу четири години, отидов со родителите на одмор“, пишува таа, истакнувајќи ја грижата на нејзината мајка за секој детал од нејзиниот детски изглед. Една вечер почнав да врескам на цел глас. Причина за тоа? Мајка ми ми стави лента на главата што не одговара на останатата гардероба, и јас збудалев“. Нарацијата, сепак, не започнува од детството, туку од предлогот, во 2005 година, да го изложи својот накит и модните додатоци во Институтот за костими. „Прифатив уверена дека би било добро да ги изложам моите работи во некоја прекрасна витрина, а потоа тоа се претвори во голема изложба. Имаше над триста фустани и стотици додатоци, па мораше да се сместат во неколку музеи“, забележува Ајпфел и додава дека еден ден, „кога ќе го напуштам овој свет“, нејзината гардероба ќе се чува во Пибоди Есекс, „ако претходно не се премислам“.
Возраста, тоа е детаљ
„Возраста? Тоа е детал, се чувствувам како да има 5 и пол години, бидејќи сè уште гледам на светот како да го откривам за прв пат“, вели стогодишната жена. Од едни, таа е дефинирана како икона на стилот која ги урива стандарите на облекување и поставува нови предизвици за модниот свет и креаторите, а за други, таа е иронично дефинирана како геријатриска старлета. Во секој случај, нејзиниот животен век беше шарен, живееше во име на еклектичен и неспоредлив стил, со мотото „повеќе е повеќе, а помалку е здодевно“ (More is more, and less is bore). Таа создаде смела, мултикултурна и слоевита естетика, мешајќи случајно одбрани модни парчиња со ниска цена со луксузни. Во одреден период од животот, таа внесе многу стил во Белата куќа, опремувајќи ја со искучителни парчиња мебел, а интересно е што и денес се уште секој ден оди во модните продавници и неизбежно – на пазар!
Сакам да се ценка кога пазарам
Г -ѓа Апфел е родена во 1921 година во Асторија, Квинс, Њујорк. Нејзиниот татко, Самуел Барел, увезувал играчки, музички инструменти и антиквитети од Германија. Нејзината мајка, Садија, имала моден бутик.
„Тоа беше за време на економската депресија и немаше многу пари. Мислам дека понекогаш е добро да немаш премногу, затоа што учиш да правиш сè со помалку – вели таа – Фактот дека знам да комбинирам скапоцена облека и додатоци со други парчиња кои се ефтино купени, се должи токму на овој период од животот. Отсекогаш сум сакал да одам на тезги, да се „ценкам“ кога пазарам, а потоа да ги комбинирам тие парчиња од еден денар со луксузни парчиња“.
Апфел веќе се најде на насловните страници кога, во 40 -те години, како студентка на уметничкото училиште во Висконсин, од една продавница каде се продавала облека за ловци и дрвосечачи, го купила првиот пар фармерки. „Тој ми рече дека тие не се за млада дама, а јас се враќав таму со недели, и на крајот победив. Кога сакам нешто, јас сум како куче со коска во устата“, објаснува Апфел. Самите фармерки беа силна порака за еманципација на жената во тие тешки времиња, а ги носела со турбан и огромни кружни обетки. По завршувањето на универзитетот, сакала да стане модна уредничка, и привремено тоа и работела, а набрзо се свртила кон дизајнот, следејќи го патот на татко ѝ.
„Сменила“ 9 претседатели во Белата куќа
Она што го промени нејзиниот живот во 1947 година, за време на одморот на езерото Џорџ, била средбата со еден трговецот на ткаенини, Карл Апфел. Се венчале следната година и заедно во 1950. основале фирма за ткаенини, но специјализирана за репродукција на стари материјали. Се продавале како антиквитети, а во своите вили ги покажувале Грета Гарбо, Есте Лаудер, Монтгомери Клифт… Од 1950 до 1992 година, Ајрис била дизајнерка на ентериер во Белата куќа, за време на мандатите на 9 претседатели, од Хари Труман до Бил Клинтон.
Позната во Соединетите држави по своите украси во домот, како и по нејзиниот изглед, таа била прогласена за меѓународна модна икона во 2005 година со изложбата во Метрополитен музејот во Њујорк насловена „Непочитуваната Ајрис Апфел“. Тогашниот директор на Институтот за костими „Мет“, Харолд Кода, предложил да изложи избор од нејзината гардероба, вклучувајќи фустани и накит, и тоа било триумф.
„Да се има стил значи да ја искажете својата личност. Но, луѓето денес се толку слични, мислам дека тоа е страшно. Бог ги направил сите толку различни, и не можам да замислам зошто сите преку модата сакаат да личат еден на друг. Мислам дека многу малку е доволно за да го промените целиот изглед, расположение и личност, еден додаток, како на пример, очила“, коментира таа денес потсетувајќи се на минатото од својот живот.
Сонцето е спектакуларно на стотиот кат
Сите ја бараат Ајрис Апфел, сите ја сакаат. Зад неа има многу соработки, модни колекции и рекламни кампањи. Од линии на накит до линии на кармини за познати козметички и модни куќи. Брендовите сакаат да ја облекуваат, па така, во последните 16 години, таа позираше и за шведскиот „хај стрит“ гигант &Other stories, но и за луксузните марки како Баленсијага и Гучи, а произведувачот на играчки „Мател“ ѝ посвети барбика. Од 2019 година таа е официјално модел за агенцијата ИМГ, најстарата манекенка во историјата и во моментов има милион и 600 илјади следбеници на социјалните мрежи. Во меѓувреме, лансираше колекција на очила со 100 рамки со XXL големина.
За да го прослави нејзиниот роденден, продавницата Бергдорф Гудман ѝ посвети витрина како почит кон нејзините највпечатливи изгледи. Инаку, таа роденденот ќе го прослави утре, во Централ Парк Тауер, облакодер со 131 ката на Менхетен, а прославата ќе продолжи во приватниот ресторан, на 100 -ти кат.
„Ми рекоа дека зајдисонцето од стотиот кат па нагоре е спектакуларно, особено за да ѝ се радуваме на иднината“, рече Ајпфел.