21:13 - 7 ноември, 2026

Аирлија снег: Попоски најавува снег и во населени места – снежна покривка и до 10 см

– Според последните анализи и тоа со помош на најпрецизните метеоролошки модели во светот, во недела и во понеделник и тоа со влажниот и МНОГУ ПОСТУДЕН воздушен бран од север, снежна покривка ќе се формира на повисоките места и на планините (за над 15 цм нов снег). 

Снежната граница како што најавивме и тоа особено во западните и во северните предели ќе се спушти и под 1000 м.н.в, со што врнежи од СНЕГ ќе има и во некои од населените места (градовите). Токму на овие места понекаде ќе се формира снежна покривка и до 10 см.

На следната метеоролошка карта можете да погледнете каде и колку снег се очекува за време на претстојниот влажен и СТУДЕН бран во нашата држава:

Температурите особено од недела ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 9 степени. Наутро пак истите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени во најтоплите централни и југоисточни предели од државава.

Во Скопје снег се очекува само на околните планини и на местата со малку поголема надморска височина, што значи дека провејување на снег ќе има само во повисоките делови од котлината.

Заклучок на сето ова: ЗИМАТА ДОАЃА! – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....