36.8 C
Скопје
13:37 - 21 август, 2026

Аца Лукас откри шокантни детали: Прокоцкав цела населба во Белград и посетувам јавни куќи 

Српскиот фолк пејач Аца Лукас си ја разголи душата и проговори за својата зависност од коцкање, но и за помалку познатите детали од неговиот живот. Тој раскажа што се случило и кога дознал дека неговиот син се дрогира, но и за посетата на борделите.

Во едно интервју, фолкерот признал дека изгубил милиони на коцка, кои можел да ги искористи за да купи „цела населба во Белград“.

„Има еден сајт кој направил студии колку ВИП личности на Балканот потрошиле на коцкање, па таму сум вклучен и јас, пишува дека има извесен Аца Лукас од Србија, голема ѕвезда, бил повреден. Пишува дека сум потрошил 70 милиони долари. Морам да признаам, блиску се, јас потрошив малку повеќе. Не се каам, во животот никогаш не се каам. Би се каел да направев некои круцијални грешки. Да се убијам, т.е. да сум се убил, тоа би значело дека се каам, но еве ме, жив сум“, рекол Аца, кој додал дека потрошил премногу пари на коцкање.

„Некои ми велат дека сум прокоцкал стан во Белград. Човеку, си мислам пријателе, камо среќа да сум прокоцкал само стан. Прокоцкав цела населба во Белград. Една голема населба, најскапата, ама што ќе правиш, што сам си заработив, сам прокоцкав, мои се парите, ги обезбедив децата имаат сè што им треба“, изјави Лукас, а потоа додаде:

„Мажите секогаш треба да бидат галантни. Јас не сум фраер, јас сум ништо. Јас сум слабо граден, смешно граден. Но жените ме сакаат затоа што сум галантен и затоа што многу ги ценам и почитувам. Има такви кои не се за почитување и влегувам во клинч со нив, како што се случи неодамна, но генерално ги сакам и почитувам жените“.

На прашањето дали посетувал бордели, пејачот одговорил потврдно.

„Посетував, посетувам и ќе посетувам бордели. Не реков дека одам да користам услуги и дека одев кај жени. Има бордели кои имаат добри барови. Имам пријатели кои имаат бордели, често одам таму. Не морав да плаќам кога бев помлад, а не морам ниту сега, тенка е граница да бидам женкар и да плаќам за проституција“, изјавил пејачот.

 

Слични објави

Вака изгледа дел од бајковитиот дуплекс на Никола Роквиќ и Бојана Баровиќ — мала зелена оаза во Нов Белград

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева има необична техника за релаксација – свири на кристални чинии

Еспресо

„Баш ми е жал што Душко раскина со девојката!“: Тошиќ дошол на настапот на Карлеуша, таа блеска од среќа

Еспресо

Ирина и Павле Камилоски ја крстија ќеркичката во Галичник – го носи името на свекрвата на Ирина

Еспресо

Милош Биковиќ ги воодушеви следбениците откако со синот Василие го запеа хитот од Драгана Мирковиќ

E.A.

Дневен хороскоп за 21 август: Очекувајте одлични вести

apostolova
Се вчитува....