05:05 - 9 ноември, 2026

Аца Лукас ги откажа сите концерти поради нарушено здравје

Аца Лукас

Аца Лукас во наредниот период ги откажа сите настапи и концерти поради нарушено здравје, а оваа информација ја сподели неговиот менаџер и продуцент Саша Мирковиќ.

Тој додаде дека во следните неколку дена сите од тимот на Аца го очекуваат неговото закрепнување.

– Почитувани, во име на Александар Вуксановиќ и во име на Хајп продукција, ве известувам дека концертите на Аца Лукас ќе бидат откажани или одложени во следните неколку дена поради неговата здравствена состојба. Сите со нетрпение го очекуваме неговото брзо закрепнување и продолжувањето на турнејата.
П.С За да не се шпекулира, станува збор за висока температура предизвикана од силна настинка, бидејќи Аца имаше повеќе од 30 настапи во претходните 60 дена и му падна имунитетот – изјави Мирковиќ.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....